Вечерва во салата на „Мултикултурниот Центар“ во Кочани ОО на СДСМ – Кочани одржа Општинска Конференција на која беа избрани новите органи и тела кои во следниот период ќе раководат со партијата.

Најпрвин на присутните им се обрати Сашко Костов актуелен Пратеник во Собраните на Република Северна Македонија кој ги запозна делегатите со понатамошните ставови на партијата.

Извештај за досегашната работа поднесе сега веќе бившиот Претседател на ОО на СДСМ – Кочани Дарко Радевски кој им порача на делегатите дека и понатаму ќе ги подржува ставовите и ќе работи во интересите на партијата, воедно му посака успешна работа на новиот Претседател на ОО на СДСМ – Кочани Гоце Серафимов.

Новоименуваниот Претседател на ОО на СДСМ – Кочани Гоце Серафимов во своето обраќање од говорницата, најпрвин им се заблагодари на довербата која му била дадена повторно да биде на чело на ОО на СДСМ – Кочани а потоа го повика членството да биде обединето и да работат чесно во полза на партијата и на граѓаните, се со цел, што побргу да се остварат зацртаните цели, а тоа е членство во НАТО и ЕУ.

По усвојувањето на Дневниот ред беа избрани членовите на Работното претседателство како и на Верификационата комисија, а по донесувањето на Деловникот за работа на конференцијата беа избрани и членовите на новиот Надзорен и Извршен Одбор.

Мирче Ефремов, Методи Стојменов, Анета Алексова, Лујза Томевска и Адријана Георгиева се новите членови на Надзорниот одбор, додека во Извршниот одбор влегоа: Андреј Киров, Дарко Радески, Марија Анѓелова, Марија Анѓелова Савева, Лилјана Арсова, Станкица Атанасова, Анѓел Петров, Емилија Серафимова, Милкица Гаврилова, Гордана Трајановска, Ивица Лазаров, Александра Коцева, Анета Игнатова, Ненад Јовиќ, Сашко Стоименов, Марија Михајлова Ристова, Иле Малинов и Сашко Иванов.

Од поканетите 75 делегати на Општинската конференција присуствуваа 60 што беше доволно за валидноста на донесените одлуки.

На Конференцијата присуствуваа и претставници од коалиционите партии на СДСМ.

С. Ивановски

DSCN4319

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари