Во саботата на програмата беа натпреварите од петтиот ден на „Петровденскиот фудбалски турнир“, но иако требаше да се одиграат три натпревари исто како и во петокот еден натпревар („Кај Мицката“ – „Генекс-Паневски“) беше одложен што покажува за несериозноста на одредени годинешни, екипи учесници на самиот турнир.

Мала вина за одложувањето на натпреварите треба да се фрли и на техничкиот организатор на турнирот ОФС – Кочани кој е премногу толерантен кон некои екипи. Ако веќе некој се пријавил да учествува на турнирот истиот треба да се придржува кон одредените термини, а доколку сака истовремено „да седи на две столчиња“ се знаат пропозициите натпреварот го губи со службен резултат.

Инаку на одиграните два натпревари се постигнати следните резултати:

„Клариса“ – „Сити Кафе“  1:2

„Фабијан“ – „Пикадили“  6:2

Денес Недела е слободен ден а веќе утре повторно се закажани три натпревари, но ако се знае дека и одложените два натпревари (од петокот и од саботата) се закажани за понеделник тогаш кои ќе бидат термините останува на техничкиот организатор.

Како и да е, ова веќе не е сериозност на учесниците на турнирот.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари