Во присуство на претставници од пријавените екипи како и на Претседателот на Судискиот актив при ОФС – Кочани, вечерва во Чешиново беа извлечени групите за годинешното 47-мо издание на „Илинденски спортски игри“.

Годинава своето учество до извлекувањето го пријавија девет екипи кои се поделени во две групи „А“ и „Б“.

Групата „А“:

Чифлик

Облешево

Крупиште

Карбинци

Бање

Група „Б“:

Соколарци

Чешиново

Спанчево

Калниште

Турнирот ќе стартува на 07 Јули со почеток во 17:30 часот со натпреварот „Соколарци“ – „Спанчево“.

Организаторот најави дека од следната година турнирот ќе претрпе големи измени. Ќе бидат поканети екипи од општините кои гравитираат во источниот дел од државата а ќе се зголеми доста и наградниот фонд.

С. Ивановски

DSCN4369

DSCN4367

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари