На 30.06.2019 година во 14,10 часот било пријавено дека на регионалниот пат Кочани-Пониква, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со штипски регистарски ознаки управувано од С.М. (42) од Штип и моторцикл „Зонгшен“ без регистарски ознаки управуван од 17 годишно лице од с.Бели каде сопатник бил Ј.К.(69) од с.Бели.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле моторциклистот и сопатникот кои биле пренесени во Јавната здравствена установа-Кочани.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Полициската станица Кочани.

ИЗВОР: Дневни билтени на МВР

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари