Општина Виница ја објави Програмата за годинешното издание на празникот на градот „Павловден 2019“

Манифестацијата започнува на 08 Јули (Понеделник) со проекција на филмот „Господ постои, името и е Петрунија“, а завршува на 13. Јули (Сабота) со концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе“ кој ќесе одржи на Плоштадот „Ангел Винички“.

Самата програма нуди настани за сечии вкус, и за децата, и за младите а секако и за возрасните.

Освен проекции на филмови и концерти манифестацијата ќе биде збогатена и со изложби, театарски претстави и литературно читање а последниот ден освен Свечената седница ќе има полагање на цвеќе на моштите на „Св. Гаврил Лесновски“ и ќе се одржи литија пред параклисот „Св. Павле“.

С. Ивановски

65283925_10158536025601729_1438014454393470976_n

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари