Вечерва на „Затворениот терен“ се одиграа натпреварите од 6-тото коло на годинешниот „Петровденски фудбалски турнир“ и закажаните одложени натпревари од кои еден за жал повторно не се одигра.

Според вечерва постигнатите резултати веќе се познати и првите четврт финалисти.

Резултати од 6-тото коло:

„Ливада“ – „Пјаца“  4:7

„Интертекс“ – „Мега спорт“  8:3

„Деликатес“ – „ГГушков“  11:1

Натпревар од 5-тото коло:

„Кај Мицката“ – „Генекс-Паневски“  1:6

Натпреварот од 4-тото коло „Деликатес“ – „Ливада“ повторно не се одигра. Екипата на „Ливада“ го извести организаторот на турнирот дека не е во можност да излезе на теренот, па согласно пропозициите истиот се регистрира со службен резултат 3:0 во корист на „Деликатес“.

Првите четврт финални двојки се:

„Деликатес“ – „Интертекс“

„Балкан Лукс“ – „Пјаца“

Утре на програмата се натпреварите од 7-то коло по што ќе бидат познати сите четврт финални двојки.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари