Извидничкиот езерски одред „Пионир“ од Охрид во периодот од 27 – 30 Јуни во „Извидничкиот центар“ во Охрид го организираше натпреварувањето „Camping fun“.
На натпреварувањето кое имаше меѓународен карактер учествуваа повеќе од 200 извидници од Балканските простори меѓу кои се најдоа и извидниците од Извидничкиот одред „Ластовица“ од Кочани.
Експедицијата од „Ластовица“ беше застапена со 36 извидници кои се натпреваруваа во 3 категории: развигорци, извидници и истражувачи кои во натпреварите забележаа високи резултати за што од организаторот добија признанија и медали.
Натпреварите се одвиваа и на вода и на копно а имаше и натпревар од областа на ориентацијата каде учесниците имаа задача со помош на мапа да пронајдат одредени дестинации, објекти и предмети во градот Охрид.
Ако за повозрасните натпреварот од областа на ориентацијата беше во самиот град Охрид, за помладите категории „Развигорци“ натпреварот беше во самиот извиднички центар.
Вредно е да се спомене дека во периодот од 21 – 28 Јуни исто така во Охрид беше одржана и Школата за водичи.
С. Ивановски
Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.