Вечерва се одиграа последните натпревари по групи по што следуваат елиминациите, односно четврт финалните натпревари.

Инаку вечерва се одиграа два од трите закажани натпревари.

Натпреварот „Пикадили“ – „Казино Шери“ не се одигра бидејќи „келнерите“ го информирале организаторот дека од оправдани причини не можат да дојдат во закажаниот термин, па согласно пропозициите екипата на „Казино Шери“ го дби натпреварот со службен резултат 3:0.

Во вториот натпревар се сретнаа екипите на „Генекс Паневски“ и „Клариса“. Само во почетните минути играта беше изедначена за да се потоа биде во знакот на играчите од „Клариса“. Тие патем и први го открија резултатот, но по еден кикс на нивниот голман резултатот беше изедначен. Се потоа беше во знакот на „Клариса“ за да на крајот извојуваат убедлива победа.

Последниот натпревар од натпреварите по групи „Кофи Хаус“  – „Казино Шери“ беше и најинтересен и најнеизвесен вечерва, И двете екипи во него влегоа со по 4 бода, но екипата на „Кофи Хаус“ имаше подобра гол разлика па и одговараше и нерешен резултат.

Екипите натпреварот го започнаа претпазливо без право на грешка. Но сепак кон средината на првото полувреме играчите од „Кофи Хаус“ го отворија резултатот од слободен удар, но во финишот од полувремето примија гол и се замина на одмор. Во второто полувреме „Казино Шери“ повеќе напаѓаше, имаа повеќе удари на гол но „келнерите“ љубоморно го чуваа бодот и од контра напади ја бараа својата шанса. На неколку минути пред последниот свиреж шансата ја дочекаа и по втор пат дојдоа во водство што се покажа како конечен резултат.

Резултати:

„Пикадили“ – „Казино Шери“  0:3 (слежбено)

„Генекс – Паневски“  –  „Клариса“  1:5

„Казино Шери“  –  „Кофи Хаус“  1:2

Четврт финални двојки:

Четврток  (04.07):

20:00 часот  „Сити Кафе“ – „Фабијан“

21:00 часот  „Кофи Хаус“ – „Клариса“

Петок  (05.07):

20:00 часот  „Деликатес“ – „Интертекс“

21:00 часот  „Балкан Лукс“ – „Пјаца“

С. Ивановски

DSCN4378

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари