Заврши реконструкцијата и асфалтирањето на најфреквентната сообраќајница во општина Виница која поврзува три населени места, или поточно е главна комуникација меѓу градот и жителите на селата Лески и Зрновци.

„Реализиравме уште еден значаен инфраструктурен зафат во општина Виница, го комплетиравме регионалниот пат Виница-Лески-Зрновци во вкупна должина од 1.850 метри со проширување од 4 – 4,25 метри, и оваа инвестиција не чинеше 10 милиони денари“, рече градоначалникот Ивица Димитров..

Во текот на летото, општината планира реконструкција и асфалтирање на уште 13 улици во градот и населените места за кои тендерската постапка е во тек, а за таа цел од општинскиот буџет планирано е да се издвојат вкупно 18 милиони денари.

Општина Виница

66425784_494637044606253_9161297316907319296_n

64391746_494637211272903_4209262778386481152_n

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари