Делегација од ЗГ „Јосип Броз Тито“ од Кочани го посети „Паркот на Револуцијата“ каде положија цвеќе во знак на чествувањето на денешниот ден 4-ти Јули кој на просторите на Југославија се одбележуваше како  „Ден на борецот“.

Букети цвеќе беа положени пред бистите на Љупчо Сантов и Раде Кратовче како и на првиот Претседател на Крушевката Република Никола Карев.

„И денес одбележуваме еден убав празник од историјата не само на македонскиот народ туку и на сите останати народи и народности од просторите на нашата Југославија. Овој датум е од големо значење бидејќи тогаш започна борбата против германскиот окупатор и неговите слуги. Ние како здружение сме горди на нашата историја и затоа не само денешниот ден, туку и сите останати важни датуми секогаш ги одбележуваме а и ќе продолжиме да ги одбележуваме“ истакна Трајче Трендов – Претседател на ЗГ „Јосип Броз Тито“ од Кочани.

С. Ивановски

DSCN4398

DSCN4411

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари