На празникот на Кочани „Петровден“ во близината на село Мојанци свечено во употреба ќе биде пуштена „Пречистителната станица за отпадни води“.

По тој повод свое обраќање ќе имаат Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев, Амбасадорот на Швајцарската Конфедерација во Република Северна Македонија, Претставник од Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија, како и Претседателот на Владата на република Северна Македонија.

Целокупниот проект е во вредност од 23.000.000 швајцарски франци од кои 21.000.000 обезбеди Швајцарската Конфедерација, остатокот Владата на Република Македонија и околу 300.000 евра обезбедија Општина Кочани и КЈП „Водовод“.

Според потпишаниот договор на пречистителната станица работите ги извршуваше германска фирма избрана како најповолна од страна на швајцарскиот консултант СЕКО.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари