Иако во летниот период селските реки се воглавно пресушени, меѓутоа при поројни дождови, речните корита не ретко знаат да се излеваат и да ја отежнат комуникацијата помеѓу маалата од двете страни на реките.

Токму во таа насока е и проектот за изградба на 4 мостови во виничките села Лаки, Пеклани и Истибања, на локации кои во изминативе години се покажале како голем проблем за жителите на овие населени места.

Градночалникот Ивица Димитров денес изврши увид во градежните активности на мостот во село Пеклани, каде е во тек изградбата на мостот на Пекланска река. „Денес извршивме увид на изградбата на мостот во с.Пеклани, овој е третиот мост од планираните четири за ова лето, двата во с.Лаки се веќе завршени, и четвртиот ќе го градиме на Кајанечки дол во с.Истибања. Вкупната инвестиција е околу 2,5 милиони денари, средства од општинскиот буџет“, рече Димитров.
Овие мостови, според најавите треба да бидат завршени во текот на летото.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари