Вечерва се одиграа четврт финалните натпревари од годинешниот „Петровденски фудбалски турнир“ на кои гледачите можеа да видат убави и неизвесни натпревари исполнет со прекрасни акции и голови.

По сето она што беше прикажано „натпревар на вечерта“ е првиот од серијата четири натпревари, „Сити Кафе“ – „Фабијан“. Натпреварот во регуларното време заврши без победник а по серијата од три удари од белата точка победник немаше бидејќи сите шест изведувачи не успеаја да ја затресат противничката мрежа. Во понатамошната серија „пенал за пенал“ првите четири удари  (по два од секоја екипа) завршија во мрежата а победникот го решија пеналите што ги изведоа голманите каде поуспешен беше голманот на „Фабијан“ кој постигна гол а го одбрани ударот на својот колега од другата екипа.

Во вториот натпревар со сигурна игра „Деликатес“ славеше против „Интертекс“. Играчите на „Деликатес“ на брзина постигнаа три гола и кога сите помислија дека младата екипа на „Интертекс“ ќе доживее катастрофа се случи обратното, тие во серија постигнаа два гола и дојдоа на гол заостанување, но немаа сили да продолжат во истото темпо бидејќи противник им беше можеби и најдобрата и најискусната екипа на турнирот.

По голема борба „Балкан Лус“ успеа да ја совлада екипата на „Пјаца“ исто како и „Клариса“ што го совлада „Кофи Хаус“.

Резултати од четврт финалните натпревари:

„Сити Кафе“ – „Фабијан“  3:4 – на пенали (1:1 во регуларниот дел)

„Деликатес“ – „Интертекс“  8:2

„Балкан Лукс“ – „Пјаца“  4:3

„Кофи хаус“ – „Клариса“  2:4

Полу финални двојки:

Вторник:  „Фабијан“ – „Клариса“  21:00 часот

Среда:  „Деликатес“ – „балкан Лукс“  21:00 часот

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари