Со Концерт танго звуци на камерниот оркестар со карактеристичен звук и тонска боја „Виварт“ и Ликовниот перформанс на м-р Андријана Мациев – сликар, вечерва на „Летна сцена“  при НУ ЦК „Бели Мугри“ во Кочани свечено беше отворена годинешната културна манифестација „Петровденски конаци 2019“.

За манифестација свое обраќање пред присутните имаше м-р Александра Димитрова – директор во НУ ЦК „Бели Мугри“, а Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев по своето обраќање ја прогласи манифестацијата за отворена.

Организатори на манифестацијата која ќе трае од 05 до 13 Јули се НУ ЦК „Бели Мугри“ од Кочани и Општина Кочани“ подпомогнати од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

С. Ивановски

DSCN8461

DSCN8469

DSCN8487

DSCN8463

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари