Во организација на Здружението на Поети и писатели – литературни творци „Збор“ – Кочани и Струмица денес во Кочани во „Паце гарден“ се одржа поетско-муузички перформанс на кој беа наградени најдобрите автори за напишаните лични творби по објавениот конкурс преку Фејс Бук на 10 јуни 2019 година.

Организаторот „Збор“ формираше комисија од четири членови: Славица Цветкова – претседател, и членовите на комисијата Гордана Јефтимов и Габриела Стефановска од Кочани и Иван Котев од Струмица, професори по македонски јазик и литература и работници од културата.

Комисијата утврди дека по објавениот конкурс биле пристигнати 41 поетска и 15 прозна творба со мошне висок квалитет од вљубеници во убаво напишаниот збор од: Прилеп, Радово, Крива Паланка, Штип, Куманово, Скопје, Неготино, Кавадарци, Делчево, Радовиш, Македонски Брод, Гостивар, Ранковце, Струга, Кичево, Злеово, Охрид, Струмица и Кочани, по што се произнесе за првонаградените три творби во поезија и три во проза.

DSCN8635

Наградени за поезија:

I награда: Марина Гоцева од Кочани за песната „Чувар“

II награда: Ице Беличев – Струмица за песната „Одминување“

III награда: Соња Манасиевска – Скопје за песната „Царска трпеза“

Наградени за расказ:

I награда: Снежана Пановска – Прилеп – за „Флерт“

II награда: Даниела Прнарова – Неготино – за “Ме посвои и за срце ме присвои“

III награда: Живко Каревски – Прилеп за “По писмото“.

Здружението Поети и писатели – литературни творци „Збор“ – Кочани – Струмица, е неодамна формирано по иницијатива на Ана Дедова од Кочани и Анче Пешева од Струмица.

Инаку ова е прва манифестација што ја организира здружението „Збор“.

Дружењето освен со врачување на наградите помина во читање поезија од присутните гости а за музичкиот дел беа задолжени двајца наши сограѓани кои со убава музика ги забавуваа присутните на манифестацијата.

С. Ивановски

DSCN8652

DSCN8657

DSCN8661

DSCN8662

DSCN8647

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари