Второлигашот од Кочани ГФК „Осогово“ ги започна подготовките за настапите во Втората Фудбалска Лига – Исток.

Петнаесетина играчи предводени од Шефот на стручниот штаб Александар Андов со своите помошници го започнаа процесот од четириесет дневни подготовки со цел играчите што поспремни да го дочекаат стартот и настапот во второлигашкото натпреварување.

Првиот тренинг со играчите го одработи кондициониот тренер Трајче Богдановски кој е задолжен за физичката подготвеност.

Како што информираше Андов подготовките ќе се реализираат во Кочани на стадионот „Никола Мантов“ каде по физичките подготовки ќе се работи на техничко-тактичата подготвеност на играчите а потоа ќе се започне со одигрувањето на подготвителните натпревари. Засега се потврдени натпреварите со „Тиквеш“ на 27 Јули во Кочани и четири дена подоцна со „Беласица“.

Првиот тренинг од оправдани причини не го одработија неколкумина играчи но нивното појавување се очекува веќе во Понеделник.

Инаку на „Осогово“ досега му пристапија шест играчи: Миле Костовски (Македонија Берн – Швајцарија), Дејан Стоименов (Кит Го), Борче Ушевски (Каменица Саса), Влатко Коцев (Каменица Саса), Борис Донев (Беласица) и Христијан Христов (Брегалница), а во следните неколку дена најавено е доаѓањето уште на 4-5 играчи.

Шеф на Стручниот штаб останува Александар Андов а во работата ќе му помагаат Кирчо Горгиев и Анѓелчо Арсов како и кондициониот тренер Трајче Богдановски. Славчо Наков е Физиотерапевт на екипата а за младинските категории ќе се грижат: Оливер Јовановски, Зоран Тодоров и Александар Нисев.

С. Ивановски

DSCN8629

DSCN8625

DSCN8594

DSCN8581

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари