Интерактивна изложба и Ликовна колонија со интерактивен перформанс беа настаните резервирани за вториот ден  на годинешното издание „Петровденски конаци 2019“

Одличен уметнички амбиент беше создаден во новиот простор за изложби оформен со реконструкцијата на Центарот за култура.
На изложбата со наслов „Организам со волја и страст за себеутврдување“, Надица Атанасова во соработка со кочанските уметници Наталија Теодосиева и Михаил Митев, преку фотографии прикажува неколку растројства на човечкото битие.

Публиката се судира со емоции предизвикани од болка, страв, конфузија, незнаење, а во продолжение истите тие фотографии потврдуваат дека и по тие состојби човек може да биде посилен и стабилен.

Долу пак, на платото покрај Кочанска Река едновремено се одвиваше Ликовната колонија со интерактивен перформанс со ликовните уметници Владимир Темков, Горан Боев, Цветанка Јованова Хермес, Валентина Илијевска, Марија Мицова Гацова, Јорданчо Кицовски.

kuklica1-(20-of-62)kuklica1-(36-of-62)

PIC_0551

PIC_0542

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари