Еден од најголемите музички амбасадори на Република Северна Македонија Антониа Гиговска денес престојуваше на „Гратче“ каде го сними својот најнов музички спот.

Младата музичка ѕвезда токму на мотелот „Гратче“ со својата екипа го сними најновиот музички спот „Кога те нема“.

Крајно професионално се однесуваше новата ѕвезда на музичкото небо додека се снимаше спотот а по завршувањето на истиот со фановите се однесуваше најнормално, како да се познаваат со години.

Сите оние кои ја препознаа и побараа фотографирање со неа не ги одби, напротив насмеана и со многу чувство се сликаше со сите оние кои изразија желба за такво нешто.

Иако млада, уште на почетокот на кариерата покажа дека моменталната слава и нема „удрено во главата“ и дека останува нормално да се однесува како и досега.

На Антониа Гиговска и посакуваме најнапред добро здравје и успешна музичка кариера, а со своето однесување и со настапите заслужува да го носи епитетот музички амбасадор на Република Северна Македонија..

С. Ивановски

DSCN8714

DSCN8708

DSCN8711DSCN8712

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари