Со натпреварот Соколарци-Спанчево денес во Чешиново и официјално започна 47-мите „Илинденски спортски игри“.

За самите игри свое обраќање имаше Градоначалникот на Општина Чешиново-Облешево Горанчо Крстев кој воедно игрите ги прогласи и за отворени.

Натпреварот и двете екипи го започнаа доста внимателно,  се играше на средината на теренот а како да се чекаше да згреши нечија одбрана за да дојдат до погодок. Резултатот беше откриен од страна на  играчите на Спанчево кои по еден мошне итро изведен слободен удар ја затресоа мрежата на Соколарци.

Сепак играчите во сини дресови успеаја да го свртат резултатот во своја полза, до крајот на полувремето постигнаа два погодока и заминаа на одмор со гол предност.

Во второто полувреме играчите од Соколарци успеаја уште еднаш да ја затресат мрежата на противникот и да дојдат до значајна победа од 3:1.

Главниот судија  Драган Јаневски со своите помошници Игор Богатинов и Гоше Велков одлично ја отсудија увертирата во годинешните „Илинденски спортски игри“.

С. Ивановски

DSCN8743

DSCN8738

DSCN8736

DSCN8732

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари