На 09.07.2019 год. од 20 часот во центарот на култура во Кочани  ќе се изведе претставата „Влези не се соблакај“-25 години кариера на Весна Петрушевска.

По неверојатен успех на премиерната изведба во МНТ каде се бараше карта повеќе, КМК продукција реши да направи караван низ Македонија со оваа претстава.

Стендап-претставата „Влези, не се соблакај“, е исповед за животот на Весна Петрушевска, во која во час и половина низ солзи и смеа се раскажаат нејзините подеми и падови, како и најзначајните моменти од нејзиниот живот, детството, младоста, мажачката и инцидентот со автомобилот што ѝ падна во Вардар.

Актерката низ хумор раскажува како го запознала и се венчала со својот поранешен сопруг, но и за врската со помладото момче, со кого откако раскинала, ослабнала 20 килограми. Раскажува и за тешките моменти на својот живот и за тоа како никогаш не верувала дека ќе падне во клиничка депресија.

Ве чекаме на 09.07.2019 год. заедно да се смееме со најдобрата глумица во нашата држава.

КМК Продукција

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари