Вечерва продолжија културните збиднувања на годинешната манифестација „Петровденски конаци 2019“.

Најпрви на „Фоаје 1“ беше отворена етноизложба на која беа поставени повеќе ракотворби, а потоа на „Летната сцена“ настапија фолклорни ансамбли во рамките на „Фолклорно надигрување“

Со овие две манифестации „Петровденските конаци 2019“ овозможија навраќање кон духовното и материјалното културно наследство.

На фолклорниот концерт имаа настап ансамбли како од нашата држава, така и од соседна Србија.

Публиката ги поздрави со аплаузи настапите, но и освоените награди на ансамблот „Мугри“ на Фестивалот „Пеце Атанасовски“, на Драги Атанасов за долгогодишно негување на изворниот македонски фолклор и на гајдаџијата Санде Николов, носител на најзначајната награда – „Гајдата на Пеце“.

52

53

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари