Од 03 до 08 Јули, Охрид беше домаќин на Пионерско-младинскиот повеќебој.

Во конкуренција на 156 натпреварувачи од Битола, Прилеп, Радовиш, Струмица, Скопје и Охрид настапија и 15 натпреварувачи, членови на КГС „Кочани“.

Натпреварувањето беше: во истрајно трчање на 200, 300 и 400 метри, штафета, полигон, скок во далечина, фрлање топче, влечење јаже и пикадо.

Членовите од КГС „Кочани“ забележаа мошне добри резултати како во поединечна, така и во екипна конкуренција.

Поединечна конкуренција:

Прво место:

Димитриј Спасов (пионери до 16 години) и Маглена Ампова (пионерки до 16 години).

Трето место:

Антонио Јаношевиќ (пионери до 13 години) и Јована Костадинова (пионерки до 13 години).

Екипна конкуренција:

Прво место:

Момчиња до 13 години, момчиња до 16 години, влечење на јаже (девојчиња до 16 години), влечење на јаже (момчиња до 16 години)

Второ место: Севкупно момчиња, девојчиња до 16 години, влечење на јаже (момчиња до 13 години).

Натпреварувачите од КГС „Кочани“ настапија под менторство на Радмила Станчева.

С. Ивановски

52

53

54

55

56

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари