„Фабија“ и „Клариса“ вечерава го одиграа првиот полуфинален натпревар од годинешниот „Петровденски Фудбалски Турнир“.

Славеа играчите на „Клариса“ 2:1 (0:0) иако резултатот можеше да биде поинаков доколку играчите на „Фабијан“ реализираа некоја од неколкуте поволни прилики за гол во првото полувреме.

Победникот беше решен кон средината на второто полувреме кога играчите на „Клариса“ постигнаа два гола и имаа сигурно водство. На пет минути пред крајот на средбата играчите на „Фабијан“ постигнаа погодок, го намалија резултатот и се влезе во една неизвесна завршница.

Сепак, „Клариса“ благодарение на одбраните на својот чувар на мрежата успеја да се одбранат и да влезат во финалето.

Вториот полуфинален натпревар „Балкан Лукс“ – „Деликатес“ се игра утре (Среда) со почеток во 21:00 часот по кој ќе се знае кои екипи ќе играат во големото, а кои во малото финале.

С. Ивановски

DSCN8817

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари