Сведоци сме на повеќето несреќи што се случија на железничките премини низ целата земја, од кои за жал некои и со ненадоместливи последици. Причините се од најразлична природа но за тоа од „Македонски железници“ секогаш вината ја бараат на другата страна.

За потсетување само, неодамна имаше излетување на неколку вагони од самата пругата а причините уште се истражуваат.

Фотографиите кои гои направивме денови се во непосредна близина на стадионот „Никола Мантов“ а на истите има што да се види.

На само еден метар од пругата големи грмушки, праговите обраснати во трева, патеките не се ни гледаат, едноставно, сликата хаотична.

Ако веќе од „Македонски железници“ се прават газди на околината од пругата (читам и до 8 метри) тогаш нека си ги засукаат ракавите и нека се ја средат пругата а не нон-стоп синдикатите бараат некои права кои речиси од времето на Југославија не им биле исполнети.

Време е некој да побара одговорност од „Македонски железници“ за оваа грда слика, и тоа додека е време, за да не биде потоа предоцна.

С. Ивановски

DSCN8632

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари