За Четврток (11.07.2019 година) закажана е 27-мата седница на Советот на Општина Кочани.

Според добиениот дневен ред, советниците ќе треба да дебатираат по 39 точки.

Информации, предлог – одлуки, давање согласности, извештаи стратегии, предлог – програми до предлог решенија е она за што советниците ќе дебатираа  по 39-тте точки.

Се очекува некои точки да бидат усогласени од страна на советничките групи, но некои ќе предизвикаат поголема расправа што значи дека се очекува долга седница.

Седницата започнува во 09:00 часот.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари