Оставете ги депониите, оставете ги скарите, погледнете ја реалноста, а таа денес доаѓа од оџакот на некогашната „Фабрика за целулоза и хартија“.

Жителите што живеат во населбите Шатровик и Усова чешма а поголем број жители и од Оризари не доставија фотографии со молба да се упати апел до надлежните за заштита на животната средина за да преземат мерки.

Додека коментиравме ова што е на фотографиите добивме информација дека Државниот инспектор за заштита на животната средина веќе еднаш реагирал на загаденоста што доаѓа од оџакот на „Целулоза и хартија“, но по се изгледа некои „газди“ се стават над законот па и денес истото се повтори.

Јавно апелираме до инспекторот за животна средина уште утре (Четврток) да реагира по цена ако треба  фабриката да не работи со полн капацитет, односно до моментот додека не се изнајде вистинско решение за да не се загадува околината, во спротивно ваквите случувања ќе бидат континуирани.

Инаку утре советниците ќе ја одржат својата 27-седница на Советот на Општина Кочани па не било лошо и ова прашање да се најде на и онака обемниот дневен ред.

С. Ивановски

41

43

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари