Со победата во вториот полуфинален натпревар од 4:0 против екипата на „Балкан Лукс“ играчите на „Деликатес“ го закажаа своето второ по ред финале, овој пат против екипата на „Клариса“.

Вечерашниот полуфинален натпревар поради врнежите од дожд се одигра во салата на ОУ „Никола Карев“.

Натпреварот до средината на првото полувреме беше доста изедначен а први можноста да го откријат резултатот имаа играчите на „Балкан Луккс“, но за жал ја прокоцкаа најзрелата можност за гол.

Набргу беа казнети, примија гол по кој речиси на теренот суверени станаа играчите на „Деликатес“ кои до крајот на полувремето постигнаа уште два погодока а во вториот дел уште еден со што со вкупен резултат од 4:0 обезбедија финале.

Финалниот натпревар „Клариса“ – „Деликатес“ ќе се одигра утре со почеток во 21:00 часот, а час порано на програмата е „малото финале“ во кое се среќаваат „Фабијан“ и „Балкан Лукс“.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари