На објектот на Пречистителната станица за третман на отпадни води се извршуваат последните подготовки пред свеченото пуштање во употреба, идниот петок, на 12 јули.

Градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев и директорот на КЈП „Водовод“ направија увид во завршните активности и со одговорните служби од Станицата ги прецизираат соодветните задачи до настанот.

„Со Пречистителната станица за отпадни води, Кочани влегува во редот на општините кои се грижат за исполнување на стандардите за заштита на животната средина. Подобрувањето на општинскиот систем за отпадни води, ќе придонесе за здрава животна средина, безбедно земјоделско производство и забрзување на локалниот

економски развој. За поекономично функционирање на кочанската Пречистителна станица е инсталирана фотоволтаична централа од која се очекува годишно производство на електрична енергија од 675.000 киловатчасови“ вели Илијев, градоначалник на Кочани.

Пречистителната станица за отпадни води е изградена во кочанското село Мојанци, на површина од 11 ха, на најниската гравитациска точка на вливот на Оризарска Река во Брегалница и ќе ги прочистува водите од 9 испусти од Оризари до Подлог, собрани во главен колектор долг 12 км. Со целосно автоматизиран оперативен процес овде ќе се третираат отпадни води од домаќинствата, комерцијални и индустриски отпадни води.

Проектираниот капацитет на Станицата е 65 000 еквивалент жители. Регионалниот концепт за третман на отпадните води во иднина предвидува кон Станицата да се приклучат Виница и околните места.

Станицата за третман на отпадни води се изгради со донација од Швајцарија од 21 милион швајцарски франци. Финансиско учество имаа и Министерството за животна средина и просторно планирање, Општина Кочани и КЈП „Водовод“.

На свеченото отворање, на 12 јули во Мојанци се очекува да присуствуваат преставници од државниот врв и дипломатските преставништва.

Општина Кочани

PIC_0405

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари