Во доста интересен а на моменти и преостар натпревар екипата на „Клариса“ го совлада „Деликатес“ со резултат 3:1 (0:0) и стана победник на годинешниот 18-ти „Петровденски фудбалски турнир“.

Уште во првото полувреме се виде дека играчите на „Клариса“ се решени да го победат фаворитот на хартија, играа смирено со прецизни додавања го освојуваа просторот, создадоа неколку изгледни прилики за гол кои на нивна жалост останаа неискористени. Црна дамка на првиот дел фрли незгодната повреда на голманот на „Клариса“ кој при една интервенција остана да лежи на теренот, а по укажаната лекарска помош беше итно пренесен во  Општа Болница – Кочани.

Вториот дел и двете екипи го започнаа решени да ја погодат мрежата на противникот. Кон средината на вториот дел први во водство дојдоа играчите на „Клариса“, но нивната радост кратко траеше бидејќи по само неколку минути „Деликатес“ го израмни резултатот.

Сепак тоа не ги збуни играчите на „Клариса“ кои продолжија во исто темпо како и дотогаш, играа смирено и со неколку филигрански додавања го загрозуваа голот на „Деликатес“. Таквата игра им се исплатеше бидејќи за неколку минути постигнаа два прекрасни погодока и го навестија освојувањето на првото место.

Во финишот од средбата се случи она што најмалку требаше да се случи на еден ваков мошне добро организиран турнир. Некои играчи на „Деликатес“ не можејќи спортски да го поднесат поразот „се заборавија“ во некои моменти па беше предизвикан инцидент кој за среќа помина само со вербални расправии.

Во предигра на овој интересен натпревар се одигра „Малото финале“ во кое екипата на „Балкан Лукс“ по подобро изведување на пенали го совладаа „Фабијан“ со 4:2 откако во регуларниот дел натпреварот заврши без победник 1:1 (0:0).

По завршувањето на финалниот натпревар беа прогласени и најуспешните на турнирот.

Епитетот „Најдобар стрелец“ го понесе Жарко Спасовски (Деликатес), „Најдобар голман“ Филип Тодоров (Клариса) а за „Најдобар играч“ на турнирот беше прогласен Иван Стојчев (Клариса). Освен Благодарници сите наградени добија и ваучер во вредност од 3.000,00 денари

Екипата на „Фабијан“ доби Благодарница, третопласираната екипа „Балкан Лукс“ пехар и ваучер во вредност од 15.000,00 денари, второпласираната „Деликатес“ пехар и ваучер во вредност од 30.000,00 денари а победникот „Клариса“ пехар и ваучер во вредност од 60.000,00 денари.

Наградите им ги врачија Андреј Киров – Директор на КЈП „Водовод“, Венко Крстевски – Советник во Советот на Општина Кочани, Александар  Јосифов – Секретар на Општина Кочани, Томе Солевски – Претседател на Советот на Општина Кочани и Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев.

Благодарници им беа врачени и на ОФС – Кочани и Итна медицинска помош – Кочани.

Турнирот го организираше Општина Кочани со техничка помош на ОФС – Кочани.

С. Ивановски

DSCN8843

DSCN8841

DSCN8840

DSCN8836DSCN8837DSCN8839

DSCN8834

DSCN8861

DSCN8848

DSCN8857

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари