На Петровден, празникот на Кочани, свечено е пуштена во употреба Пречистителната станица за третман на отпадни води во Кочани, најголемата донација на Швајцарската Конфедерација во нашава држава.

За соработката, капацитетитот и значењето на овој капитален објект за регионот говореа премиeрот Зоран Заев, заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, швајцарската амбасадорка Сибил Сутер Тејада и градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.

Пречистителната станица за отпадни води во Кочани претставува пример за штедење на енергија, пример за користење на обновливи извори, пример за користење на отпадот, со еден збор: пример за циркуларна економија, најдобрата алатка за справување со предизвиците од климатските промени.

Со подобрувањето на општинскиот систем за отпадни води, се обезбедува поздрава животна средина, безбедно земјоделско производство и забрзување на локалниот економски развој.

Општина Кочани упатува голема благодарност на Владата на Швајцарија, на Државниот секретаријат за економски работи – SECO, на Министерството за животна средина и на сите институции и поединци коишто вложија средства и труд за реализација на овој проект.

43

42

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари