Одронетите карпи на патниот правец Кочани – Делчево во близина на село Истибања се причина веќе неколку дена да е затворен овој патен правец.

Во исчекување на минирање и на другите карпи кои се потенцијална опасност повторно да се најдат на патот, веќе неколку дена сообраќајот на оваа делница се одвива и по заобиколните патишта.

Денес наш читател ни испрати фотографии и допис со молба истиот да го објавиме за да учесниците на сообраќајот на овој патен правец бидат правовремено информирани.

„Патот Македонска Каменица – Кочани е блокиран веќе трет ден. Кај виница има поставено уредна сигнализација, но на излезот, односно влезот во Македонска Каменица има ставено само една рампа која по се изгледа како да е поставена од тамошното стовариште, па возилата продолжуваат дури до одронот, па се враќаат назад и се насочуваат преку Биглата. Очигледно е дека потфрлило Каменичкото МВР. Во прилог фотографии и молба да го објавите овој текст за да се информираат патниците“ вели нашиот читател, на кого му благодариме за информацијата, фотографиите и одвоеното време.

66761508_1936911296410391_266425323_609377456218260_26

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари