Со концертот на „Влатко Стефановски Трио“ што се одржа во петокот навечер во Градскиот Трговски Центар во Кочани а во чест на празникот на „градот на оризот“ Петровден и официјално се спушти завесата на годинешната културна манифестација „Петровденски конаци 2019“.

Со презентација на традиционална Македонска музика и рок,  виртуозот на гитарата, генијалниот Влатко Стефановски, Иван Кукиќ – бас гитара и Јан Стефановски – тапани, ја запалија публиката пред бината и седната во кафулиоњата кои беа исполнети до последното место.

Во увертира на музичките изведби на „Влатко Стефановски Трио“ голем придонес за подигнување на атмосферата дадоа и „5+ фамилија“ кои ги разгалија срцата не само на најмладите туку и на повозрасните.

С. Ивановски

44

4

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари