Претставници на Политичката Партија „Демократи“ предводени од Претседателот на партијата Јорго Огњеновски денес го посетија Кочани.

Делеа флаери на граѓаните на „градот на оризот“ со цел да ги претстават своите идеи со кои ќе излезат на идните Парламентарни избори.

Под слоганот „СТОП за аномалиите во Македонија“ како нивни главни заложби доколку влезат во Парламентот ќе бидат решавање на:

  1. Катастрофалната економска политика;
  2. Невладеењето на правото;
  3. Нефункционалниот правен систем;
  4. Богатењето на политичките елити;
  5. Политичкиот криминал;
  6. Митото и корупцијата;
  7. Политичките монтирани вработувања;
  8. Непродуктивноста на администрацијата;
  9. Иселувањето на младите стручни кадри;
  10. Осиромашувањето на граѓаните;
  11. Лошите услови за работа во стопанството;
  12. Лошата даночна политика;
  13. Бројните скриени давачки;
  14. Уништувањето на приватните фирми;
  15. Големите давачки за извршителите и нивното богатење;
  16. Плаќање на трошоци за недобиени услуги;
  17. Катастрофалниот образовен систем;
  18. Катастофалниот здравствен систем;
  19. Непродуктивни градби и нивната лоша структура.

Политичката Партија „Демократи“ велат за:

  1. Еднакви права, обврски и одговорности за сите граѓани;
  2. Создавање услови за развиена економија;
  3. Намалување на казните, даноците и другите давачки;
  4. Намалување на бројот на пратениците;
  5. Една изборна единица со отворени листи;
  6. Намалување на министерствата и другите државни институции;
  7. Реорганизација на јавните претпријатија и ревизија на  досегашното работење;
  8. Создавање на услови во сите области од живеењето на Граѓанинот;
  9. Непартизирана ефикасна и функционална администрација;
  10. Ревизија на имотот на сите политичари од 1991 година до денес;
  11. Конфискација на незаконски стекнатиот имот;
  12. Незастарување на постапките за испитување на потеклото на имотот;
  13. Нов и функционален судски систем;
  14. Ревизија на средствата вложени во инфраструктурата;
  15. Ревизија на сите задолжувања на државата и нивното трошење;
  16. Ревизија на работата на администрацијата;
  17. Ревизија на работата на институциите од високото образование;
  18. Ревизија на вложените средства во здравството;
  19. Ревизија на вложените средства во земјоделието и добиените ефекти;
  20. Ревизија на јавните набавки од значителен износ.

Со слоганот „Придружете се“, од Политичката Партија „Демократи“ како што истакнаа планираат да отвораат ограноци како во целата држава така и во Кочани.

С. Ивановски

DSCN9023

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари