Денес се одиграа натпреварите од првото коло во групата „А“ од годинешните „Илинденски спортски игри“.
На два натпревари се постигнати вкупно девет погодоци што е потврда дека сите екипи играа офанзивен фудбал, фудбал за гол повеќе од противникот.
Најпрвин се одигра натпреварот „Облешево“ – „Карбинци“. По резултат без погодоци во првото полувреме, Облешевци во второто полувреме се разгоропадија и постигнаа четири погодока за конечни 4:0.
На натпреварот „Чифлик“ – „Крупиште“ беа постигнати пет погодоци. „Чифлик“ првиот дел го доби со 1:0 за да на крајот триумфира со 3:2.
Натпреварите продолжуваат утре (Недела) кога на програмата се двата натпревари од второто коло во групата „Б“:
17:00 „Долни Балван“ – „Соколарци“
19:00 „Спанчево“ – „Чешиново“
С. Ивановски
Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.