Со победата во второто коло од групата „Б“ играчите на „Соколарци“ со максимален број освоени бодови речиси веќе си обезбедија место во полуфиналето. Треба да се случи вистинско чудо во последното коло па да Соколарчани извисат.

Инаку денес „Соколарци“ со сигурна игра во двете полувремиња ја совладаа екипата на „Долни Балван“ со 2:0 (1:0).

Во вториот натпревар екипата на „Спанчево“ во супериорна игра го совладаа „домаќинот“ „Чешиново“ со 3:0 (1:0) и сега се идентичен број на бодови на табелата.

Пред одигрувањето на 3-тото коло во водство е екипата на „Соколарци“ со 6 бодови (5:1), пред „Спанчево“ 3 (4:3), Чешиново 3 (2:4) и „Долни Балван“ без бодови (1:4).

Второто коло од „А“ групата се игра во Сабота (20. Јули) а во него се среќаваат:

17:00  „Крупиште“ – „Облешево“

19:00  „Карбинци“ – „Чифлик“

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари