Жителите од улицата „Климент Охридски“ во Кочани веќе подолг период бараа интервенција од надлежните како скршениот дрвен столб не би направил поголема штета и за минувачите и за учесниците во сообраќајот.

Како што истакнуваат во дописот пред околу два месеци патничко моторно возило удрило во дрвениот столб и го оштетил. Истиот сега е во неприродна положба со тенденција кога – тогаш да се најде на самата улица и да направи поголема штета.

Жителите од улицата истакнуваат дека побарале од „македонски пошти“ да дојдат, да го отстранат оштетениот дрвен столб и на негово место да постават нов во положба каква според прописите. Но до денес нивните апели останале безуспешни.

„Ништо повеќе не бараме освен да дојдат и да постават нов дрвен столб за да не дојде до несакани последици. Иако неколкупати се јавивме во Македонски пошти тие како да не се заинтересирани за нашите молби и барања. Сепак се надеваме дека ќе ја сфатат сериозноста на проблемот и ги испочитуваат нашите барања“ стои во дописот што ни беше испратен од жителите на улицата „Климент Охридски.

С. Ивановски

5152

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари