Од малата фонтана поставена во близина на канцеларијата на „Авто Атом“ во Градскиот Трговски Центар во Кочани, подолг период не истекува вода за пиење.

Истата се изгради пред неколку години и имаше за цел посебно во летните топли денови да можат минувачите, дуќанџиите и дечињата што си играат на платото да ја користат, да се разладуваат и да се напијат вода.

Нејзината изградба и пуштање во употреба го даде посакуваниот ефект.

За жал по неколкугодишно успешно работење годинава од фонтаната не истекува вода па кога беа енормно високи температурите минувачите немаа каде да ја изгасат жедта.

Од надлежните во КЈП „Водовод“ пред неколку дена добивме информација дека некој намерно ја оштетил и дека ќе направат напори дефектот да се отстрани и да потече вода за пиење.

Засега им веруваме на ветеното, но …………

С. Ивановски

DSCN9055

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари