По неполн месец дена откако започнаа градежните работи на новата станбена зграда „Белведере“ која на површина од 700 м² се гради на улицата „Роза Петрова“ бб во Кочани, почна да ја добива својата физиономија.

Денес беше поставена првата плоча со што како што истакнуваат од менаџерскиот тим, инаку инвеститори на проектот  „Хромак ЕМИЛ ДООЕЛ“ од Куманово и „УПМ груп ДООЕЛ“ – Куманово во целост е запазена динамиката.

За потсетување само, станува збор за станбен објект со 54 стана со површина од 46,14 м² до 78,78 м².

Становите во зградата која е на атрактивна локација располагаат со VRF – систем за греење и ладење, иновативен подземен паркинг, подрумски простор – остава, а сите оние што ќе купат од понудените станови ќе добија Имотен листа. Купувачите добиваат можност за поволно банкарско кредитирање (преку сите банки).

Зградата целосно ќе биде завршена во есента 2020 година.

С. Ивановски

DSCN9035

DSCN9040

DSCN9046

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари