Министерот за Внатрешни работи на Република Северна Македонија  Оливер Спасовски денес престојуваше во работна посета на Кочани.

Министерот најпрвин ја посети Полициска станица – Кочани за да се увери во завршените работи околу реконструкцијата на зграда која е како дел од Проектот „Реконструирање и модернизирање на вкупно 24 објекти на МВР во 2017 и 2018 година“.

По завршување на посетата на ПС – Кочани Министерот Спасовски оствари средба и со Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев, како и со членовите на Советот на Општина Кочани и претставници на локалниот Совет за превенција. На средбите се разговараше за сите прашања кои што се од взаемен интерес, сé со цел да се зголеми соработката меѓу граѓаните и полицијата.

„Денес имавме работна средба со раководството на ПС Кочани и со локалната самоуправа, а имам чест да ве информирам и дека завршивме со реновирањето на полициската станица. Можам да ве информирам дека безбедносната состојба на подрачјето на ПС Кочани и СВР Штип е стабилна, а полицијата бележи и добри резултати  во своето работење. Значителен пораст на откривачката дејност од 44% е регистриран во областа на недозволената трговија со дрога на подрачјето на СВР Штип“, рече Министерот Спасовски.

Околу реконструкцијата на објектот на ПС – Кочани, Спасовски рече: „МВР продолжува со активностите за подобрување на условите за работа на полициските службеници и како што може да видите завршена е реконструкцијата и санацијата на објектот на Полициската станица од општа надлежност Кочани, извршена во рамките на стратешкиот план на МВР за драстично унапредување на материјално-инфраструктурните и технички услови за работа на сите наши полициски службеници. Така што сега полициската станица во Кочани веќе има сосема видоизменет, обновен и функционален објект за користење, за чија што реконструкција и санација беа издвоени околу 7,5 милиони денари, средства одвоени од буџетот на Министерството за внатрешни работи“.

За раководството на МВР од исклучително значење се стандардите, условите за работа на полициските службеници кои што објективно го преставуваат ликот на самото Министерство, односно ја даваат вистинската слика како се работи и до каде имаат стигнато како институција која е сервис на граѓаните, но и еден од главните столбови во општеството во спроведувањето на законите и заштитата на сигурноста и безбедноста на граѓаните како и на нивните материјални добра.

С. Ивановски

DSCN9077

DSCN9072

DSCN9085

4(48)

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари