Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев ја искористи посетата на Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија Оливер Спасовски на Кочани, со кого оствари средба на која беа отворени повеќе прашања.

По средбата Илијев изјави: „Денеска имавме работна средба со Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, со кого отворивме значајни прашања. Разговаравме за подобрување на состојбата во сообраќајот, за мерките против палењето на стрништата, за можностите за менување на статусот на Полициската станица, како и за проекти поврзани со економскиот и социјалниот развој. Разговарвме и за неопходната поддршка од Владата за реализација на проекти кое се од витално значење за Кочани.
Остваривме средба и со членовите на Советот на Општина Кочани и на Советот за превенција, при што, меѓу другото, дискутиравме и за заштитата од пожари во текот на летниот период.  Со 7,5 милиони денари од буџетот на Министерството за внатрешни работи, по 40 години, Кочани доби подновен објект на Полициската станица од општа надлежност“.

С. Ивановски

DSCN9107

DSCN9116

DSCN9124

DSCN9123

DSCN9144

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари