Почитувани сограѓани,

По денешната прес-конференција на ДПМНЕ, го забележуваме нивниот огромен страв дека ќе биде обелоденета нивната вмешаност во корупцијата – од која тие и нивните функционери никогаш не се откажаа.

Апелираме секој што ќе биде рекетиран, уценуван и на било кој начин омаловажуван – да пријави во надлежните институции. Причината зошто ќе бидеме со граѓаните е тоа – да се дознае вистината! Со последното апсење ние покажавме зрелост и така ќе биде за секој.

ДПМНЕ се докажа како неписмена партија која не чита пресови, туку чита партиски директиви и употребува лаги и термини кои не доликуваат на прес.

СДСМ беше и ќе остане со народот, заедно со сите членови. Очигледно, ова е најголемата закана за ДПМНЕ, кое со години ја тероризира оваа држава. Крадењето и криминалот се олицетворение со име ДПМНЕ. Вистината ќе се дознае!

Претседател на ОО СДСМ – Кочани

Гоце Серафимов

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари