Штркот и неговото гнездо, полека но сигурно станува бренд со кој се гордеат сите Чишиновчани. Гнездата на оваа птица преселница се речиси насекаде распространети во селото.

Досега имаше различни претпоставки за тоа колку штркови гнезда има во Чешиново, но по акцијата што беше спроведена од здружението „Оризова Братимка“ многу работи се познати.

Како што пишуваат од Здружението „Оризова Братимка” деновиве извршено е пребројување на штрковите гнезда во Чешиново.

„Изброивме вкупно 21 гнездо, кои се наоѓаат на кровови на куќи, Задружен дом и бандери.  Започнувајќи од денес, секој ден ќе објавуваме слики од по едно штрково гнездо во Чешиново, со штрковите во него, сликано со дрон.  На крај, ќе завршиме со слики од најголемото штрково гнездо во Македонија, кое се наоѓа во еко-етно паркот во Чешиново на кровот на Задружниот дом.  Уживајте во прекрасните кадри“.

Гнездото на фотките е Штрковото гнездо број 21 што се наоѓа пред Поштенската зграда во Чешиново.

ИЗВОР: „Оризова Братимка“

44

43

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари