Како што јавува „Оризова Братимка“ од Чешиново, на натпреварот кој од 9-12 Јули се одржа во Тирана (Албанија) две Македонски идеи биле наградени со по 10.000 долари. На натпреварот 7 земји ги презентирале своите идеи и се бореле за една од четирите награди во висина од 10.000 долари.

Едната награда оди за идејата на апликацијата „Challenger“ и ја доби Олга Рајчиќ а другата награда оди кај Јорданчо Лефков за идејата за производство на био смарт ориз.  Наградата што ја доби Лефков е плод на неколкугодишното негово работење со „Програмата за зачувување на природата“.

Јорданчо Лефков за самата програма и добиената награда  вели: „Тоа е трансформација на неодржливиот модел на оризопроизводството во одржлив модел. Наградата е поттик за насда продолжиме со нашите настојувања, да ни се приклучуваат повеќе фармери, да направиме голема приказна за производството на ориз., со настојување да се заштеди на инпутите, водата, семенскиот материјал, а во исто време да се има подобра реколта, повеќе профит за фармерите, поквалитетен и безбеден ориз за исхрана, да се заштеди здравјето на луѓето и животната средина. Тоа е „Био смарт ориз“, нов производ, сертифициран, при што со помош од наградата од 10.000 долари за нашето здружение од овој натпревар, ќе го лансираме на пазарот веќе од наредната година“

ИЗВОР: Оризива Братимка

Презентација во Скопје

Кошничка

Групна фотографија

99

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари