Играчите на „Слога 1934“ од Виница на чело со Шефот на стручниот штаб Крсте Крстев, денес и официјално ги започнаа подготовките за натпреварите во Трета Фудбалска Лига – Исток.

На првата прозивка меѓу 23-цата играчи беа и осуммина кои во летниот период и пристапија на „Слога 1934“.

Како што не информираше Шефот на стручниот штаб Крсте Крстев подготовките ќе се реализираат во три фази: Општа издржливост, Техничко тактички дел и одигрување на подготвителни натпревари.

„Засега имаме на располагање 23 играчи. Освен осумте нови кои денес присуствуваа на првата прозивка очекуваме уште двајца новајлии кои во наредните денови треба да ја комплетираат својата документација. Подготовките ќе ги спроведеме во следните 44 дена, од кои 36 ќе бидат работни а 8 се предвидени за одмор на играчите. Од следната недела планираме секоја недела како ден да работиме по два тренинга а додека во останатите денови ќе имаме по еден тренинг. Инаку самите подготовки ќе бидат реализирани во три фази по што се надевам дека ќе тргнеме решително во освојувањето на првото место“ изјави Крстев по одржаниот прв тренинг.

Инаку подготовките започнаа со поздравен говор на Претседателот на клубот Златко Насев а потоа на играчите им се обрати и Крсте Крстев кој меѓу другото рече: „Располагаме со добар играчки потенцијал, агилна управа и Локална самоуправа која стои зад клубот. Сега топката е префрлена во наши раце и од нас зависи се. Само ако играме добро и ако имаме добар резултат во што искрено верувам, ќе вратиме  и публиката на трибините. Виница заслужува да има второлигаш од следната сезона“.

Претседателот Насев не информираше дека засега се договорени шест подготвителни натпревари кои започнуваа последниот ден од овој месец: „Каменица Саса“ (Македонска Каменица 31.07.), „Детонит“ (Виница – 03.08.), „Кит –Го“ (Виница – 07.08.), ГФК „Осогово“ (не е договорено каде ќе се игра натпреварот 10.08.), „Плачковица“ (не е договорено каде ќе се игра натпреварот 17.08.), „Овче Поле“ (Виница – 25.08.).

С. Ивановски

DSCN9177

DSCN9203

DSCN9215

DSCN9223

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари