Се одиграа натпреварите од второто коло  во групата „А“ на годинешните „Илинденски спортски игри 2019“.

Со денешните победи на „Облешево“ и „Чифлик“ и двете екипи обезбедија пласман во полуфиналето па нивниот меѓусебен натпревар во последното коло ќе одлучи која екипа ќе стартува како прва а која како второпласирана.

Засега „Облешево“ е во предност поради многу подобрата гол разлика.

Денешни резултати:

„Крупиште“ – „Облешево“  0:3

„Карбинци“ – „Чифлик“  1:4

Утре (Недела) се играат натпреварите од 3-тото воедно и последно коло од групата „Б“ а во нив се среќаваат:

17:00  „Долни Балван“ – „Спанчево“

19:00  „Чешиново“ – „Соколарци“

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари