На денешната прозивка што се одржа на „Градски стадион“ во Виница беа претставено досегашните засилувања на „Слога 1934“.

Досега за виничкиот третолигаш потпишаа 9 нови играчи со тенденција во наредните денови да има уште 2-3.

Денес на првиот тренинг се појавија и:Благојчо Коцев (ГФК Осогово), Стојче Стојов (ГФК Осогово), Тамер Јамаковски (Детонит), Дарко Анастасовски (Рудар), Бојан Иванов (Рудар), Антониот Стојчов (Рудар), Борче Димовски (Вардар – Негорино), Огнен Лазаров (се враќа во матичниот клуб од Брегалница – Штип) и Мето Димитров (Виница).

Управата на клубот и Стручниот штаб се надеваат дека доведените играчи ќе ја оправдаат довербата и ќе и помогнат на „Слога 1934“ во освојувањето на првото место.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари