Како што пишува на веб страната на ГФК „Осогово“ (www.fkosogovo.com ) во саботата кочанскиот второлигаш го одигра првиот контролен натпревар пред почетокот на првенството во Втора Лига – Исток.

Домаќин на кочанчани им беше екипата на „Кадино“ новиот член на Втора Лига – Запад а натпреварот се одигра на теренот во Општина Илинден.

Натпреварот заврши без голови а како што пишува во објавата екипата на „Осогово“ е таа што треба да жали за пропуштените шанси од кои три биле стопостотни.

Следниот натпревар „Осогово“ ќе го одигра на домашен терен со екипата на „Плачковица на 28.07.2019 година.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари