Се одиграа натпреварите од 3-тото, последно коло во групата „Б“ на годинешните „Илинденски Спортски Игри“.

Од двата закажани натпревари се одигра само еден бидејќи екипата на „Долни Балван“ не се појави на теренот во Чешиново на натпреварот со „Спанчево“, па согласно пропозициите загуби со службен резултат.

На вториот натпревар екипата на „Соколарци“ го декласира „Чешиново“ совладувајќи го со високи 6:0 (3:0) па со максимален број на бодови го освои првото место и ќе ја чека разврската во групата „А“, поточно дуелот „Облешево“ – „Чифлик“ за да го дизнае својот противник во полуфиналето.

По одиграните три кола прва е екипата на „Соколарци“ со 9 бода и гол разлика 11:1, пред екипата на „Спанчево“ со 6 бода (7:3), „Чешиново“ 3 бода (2:10) и „Доли Балван“ без бодови (1:7).

С. Ивановски

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари