Вандалите кои сакаат да му направат грда слика на градот продолжуваат со ноќните лудории.

Под дејство на алкохол или нешто друго повторно на мета се најдоа корпите за отпадоци покрај кејот на реката.

Што мерак ќе беше тоа некој да ги откорне од нивното лежиште и правејќи се дека е некој мангуп ги фрлил во коритото на реката.

Трендот со уништувањето на инвентарот кој е поставен и за кој се грижи КЈП „Водовод“ продолжува.

После серијата превртени контејнери на улиците во градот, кршењето на младите засадени дрвца, фрлањето инвентар во реката еве сега на удар пак се најдоа корпите за отпадоци.

Време е надлежните во општината да почнат да преземаат мерки за сторителите на ваквите дела.

С. Ивановски

424344

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари