По асфалтирањето на улицата „Михајло Арсов“ во Прибачево, викендов заврши изградбата на три крака од улицата „Маршал Тито“ во Тркање, во вкупна должина од 180 м.

Едновремено, привршуваат подготовките за асфалтирање на 718 м од улицата „Лазар Стоименов“ во Оризари. Изведувачот „Стојменов“ работи на довршување на потпорните ѕидови и на потставување рабници. Претходно, Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ изгради водоводна и канализациска мрежа на оваа улица.

Во тек е реализацијата на активности од Програмата за уредување на градежното земјиште, според која во селата Бели и Нивичани се бетонираат улици.

Во Бели заврши бетонирањето на улицата „Ѓорѓи Бошков“, во должина од 110 м. Оваа улица е споена со соседната и се поставени банкини. Се бетонира пристапна улица во селото Нивичани, долга 275 м, со ширина од 3 м. Работите ги изведува градежната фирма „Портланд“ од Струмица.

За бетонирање се планирани улици во Бели и Грдовци, како и пристапна улица во селото Прибачево, а нов бетонски слој ќе биде поставен и на улицата „Коста Рацин“ во Кочани.

Во Програмата за уредување на градежно зeмјиште за 2019 година за бетонирање улици и пристапни патеки, се наменети 3,5 милиони денари.

Во реализираните инфраструктурни активности во изминатиов период спаѓа и изградениот мост по текот на Трканска Река, што реши еден долготраен комунален проблем и го олесни движењето на жителите од овој дел на селото Тркање.

Наскоро ќе започнат и активностите за реконструкција на десниот коловоз од улицата „Теодосија Паунов“ во Кочани, на потегот од Автобуската станица до Агенцијата за вработување. Со Годишниот план за јавни набавки, за овој инфраструктурен зафат се планирани 5 милиони 330 илјади денари, од кои дел се грант од Светска банка.

Општина  Кочани

Beli (1)

Lazar Stoimenov Orizari

Nivichani (2)

Trkanje 1

Trkanje

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари